Египтологот и истражувач Ричард Бенгс претставил интересна теорија зошто античната цивилизација ги градела пирамидите. Бенгс вели дека една од причините за изработка на оваа импозантна градба е појава на крокодилите.
Секоја година низ долината на реката Нил се случувале поплави, но освен плодното земјиште кое останало по повлекувањето на водата, низ целиот тој предел имало голем број крокодили.
Овие рептили го преплавиле брегот на Нил. Како што наведува Бенгс, Египјаните појавата на крокодили ја поврзале со повторното раѓање, па тоа објаснува зошто крокодилите имаат посебна симболика во тамошната митологија.
Собек е бог во форма на крокодил. Имал статус на бог на поплавата и водата. Бил почитуван ширум делтата Нил. Се смета дека го почитувале ова животно, затоа што се плашеле од него.
Мумифицираните крокодили се пронајдени во голем број гробници со цел да ги следат фараоните во задгробниот живот. Сепак, најраширено е мислењето дека пирамидите се градени како гробница за фараоните, а во јавноста се смета дека во Египет има од 118 до 138 изградени пирамиди.