Австралијанка го сместила вереникот во затвор, лажејќи ја полицијата за семејно насилство

Сара Џејн Паркинсон од Австралија го испратила својот вереник Даниел Џонс во затвор поради злостор кој тој не го направил. Ова го открива детективката Лиса Александер, која ја открила Сара за лажно пријавување на сопругот за 32 злочини, вклучувајќи и силување и семејно насилство во нивниот дом, пишува „Дејли Мејл“.

Лиса Александер вели дека го следела нејзиниот инстикт и успеала да ги дискредитира нејзините тврдења за насилство и кражба, а на крајот успеала да докаже дека станува збор за патолошки лажго.

„На почетокот помислив дека ако мже да ме лаже мене, можеби успеала да излаже и други полицајци. Се ужаснив од помислата дека може да направи вакво нешто“, вели Александер.

Семејството на Даниел морало да ги плати и судските трошоци, поради кои паднале во долг во висина од 600.000 долари. Паркинсон тврдела дека Даниел ја нападнал со нож, случај за кој подоцна Лиса утврдила дека станува збор за лага. Детективката утврдила дека ножот бил во сопственост на Џејн.

Паркинсон исто така тврдела дека семејството на Џонс ја крадат и дека нејзиниот „ајпод“ телефон, е во нивната куќа. Таа ги обвинила дека и провалиле во нејзиниот автомобил додека таа била на работа.

Но, на снимката од безбедносните камери кај неа во канцеларијата се гледа како Џејн заминува со својот автомобил на денот кога наводно се случила кражбата и дека таа го отклучува својот автомобил. Лиса го следела нејзиното движење со помош на ЏПС во нејзиниот автомобил и открила дека таа самата го има сокриено својот телефон некаде во близина на домот на семејството на Даниел.

„Ме лажеше во најмалку четири случаи. Веројатно постои уште некоја невина личност која завршила во затвор благодарение на неа“, вели Лиса.

Откако Џонс бил осуден, Лиса открила фотографии од телефонот на Џејн, на кои двајцата изгледаат среќно.

„Тоа мо беше тешко за да поверувам, дека некој може да биде толку среќен, додека некој друг е во затвор“, вели Лиса.

Џејн и кажала на детективката дека нејзиниот вереник ја силувал. Таа во полициска станица во јули во 2014 година го обвинила својот сопруг тврдејќи дека Џонс бил човекот кој сексуално ја нападнал. Детективката успеала да ги дискредитира и овие обвинувања, откако на социјалните мрежи објавила фотографија на која Џејн е во друштво со нејзиниот вереник и бебе кое било во нивна прегратка.

Лиса вели дека фотографијата била направена на денот кога Џејн сведочела дека се случило силувањето. На фотографијата може да се забележи и локацијата каде наводно се случил нападот. Ништо не укажувало дека може да се случи такво нешто, вели Лиса.

„Џонс не направил ништо. Силувањето се нема случено“, вели Лиса.

И покрај доказите, Џонс на крајот завршил во затвор, додека неговите родители се подготвувале за судска битка. Џонс имал 25 години кога ја запознал 20 годишната Паркинсон во Канбери во 2011 година. По кратката романса, двајцата се вериле, а Џонс изградил и куќа каде планирал заеднички живот.

„Беше слатка и невина, помалку старомодна, секогаш облечена во убави фустани“, изјавил пртходно Џонс, за својата вереница Сара. Недолго откако се вселиле во нивниот дом, неговиот живот почнал да се распаѓа. Паркинсон се вработила во полицијата во администрацијата и почнала да ги лаже своите колеги за својот вереник.

Доаѓала на работа со модрици и гребатинки, кои претходно самата си ги нанела. По речиси две години од нивната врска, Џонс бил повикан во полиција поради наводите дека ја нападнал Паркинсон. Двајцата продолжиле да живеат заедно, но Џонс почнал да се сомнева дека неговата вереница го изневерува со нејзин колега.

Аферата ја открил во 2013 година, кога ја прашал за тоа. Двајцата раскинале во ноември 2013 година.

„Бев скршен. Изградив куќа, се вселивме двајцата, сè беше идеално. Имав одлична работа, автомобил каков што отсекогаш сакав. Се беше супер, а само во еден момент целиот мој живот ми се сруши пред очи“, изјавил Џонс кој работел како затворски службеник.

Неколку дена по раскинувањето, Паркинсон ги засилила своите обвинувања. Таа изјавила дека нејзиниот сопруг ја заклучувал во куќата, ја тепал, дека уринирал по неа и ја удирал со плочки по лицето.

„Од невна, слатка девојка, се претвори во чудовиште способно да изнесе такви обвинувања без никаков проблем“, изјавил Џонс.

Во декември Џонс бил уапсен и обвинет по 32 точки за семејно насилство. Бил ослободен со кауција и се вратил да живее со неговите родители. Паркинсон останала да живее во нивната куќа со нов љубовник и нивните три деца.

Во март 2014 година, Џонс повторно бил уапсен, но откако детективката Лиса открила дека Паркинсон лаже, тој бил ослободен. Родителите на Џонс изјавиле дека, доколку не се вмешала Лиса во случајот, нивниот син и понатаму би можело да остане да лежи во затвор.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, Паркинсон и претходно лажела дека била силувана. Пред десет години, кит Луис од Канбера погрешно бил осуден за извршен напад врз неа. Кога лагата била откриена, Паркинсон била осудена на три години затвор.

Џонс денес живее со неговата нова љубов, но неговото семејство и понатаму се бори со огромни трошоци поради правниот процес. Покрената е страница GoFundMe, со цел да му се помогне на неговото семејство. Досега се собрани повеќе од 20.000 долари.

 

 

Scroll to Top