1 кг пилешки батаци
1 чаша ориз
2-3 млади кромидчиња
3-4 моркова
1 свежа пиперка
1/2 лажичка бибер
1 лажица мешан сув зачин
маслиново масло по потреба
сол по вкус
Подготовка
Ги вариме копани. На масло во тавче, на средна температура на рингла, го запржуваме сецканото кромитче, пиперката и сецканите моркови. Го додаваме измиениот ориз, пропржуваме кратко па целата смеса ја распоредуваме во тавата во која ќе се печат. Зачинуваме и посолуваме.
Ги распоредуваме варените батаци врз оризот и потоа додаваме вода во која се вареа батаците.
Печеме на 200 степени додека да се свари оризот и да се испечат батачињата.