Италијанскиот брод „Коста Делициоза“ во неделата покрај Венеција го зафати голема бура, од која малку фалеше крузерот да удри во пристаништето преполно со други бродови и туристи.
„Гледавме како се движи кон нас“, изјавил еден од сведоците на оваа несреќа.
Портпаролот на „Коста крстарење“, соопштил дека бродот и покрај сè успешно продолжил со патувањето кон одредиштето.
Градските власти веќе почнале со истрага околу овој инцидент, а италијанскиот министер за сообраќај, Данило Тонинели, наредил да се направи темелна инспекција.
Пред повеќе од еден месеци крузерот MSC Оpera удри во главното градско пристаниште. Во незгодата повредени беа петмина лица, а нанесена беше и голема материјална штета.
Наведениот настан и даде поголема иницијатива и ги мотивираше учесниците во Венеција кои се залагаат за забрана на крузери во Венеција. Од таму велат дека градот од година во година се соочува со сè поголеми проблеми кои ги има како туристичко место.