Камион со 17 тони какао се запали на автопатот кај градот Гработ во Германија, место кое се наоѓа меѓу Берлин и Хамбург. Полицијата соопштила дека автопатот бил блокиран и сообраќајот привремено морал да биде затворен.
Возачот не бил повреден, а целото какао било уништено во пожарот. Причините за пожарот засега се истражуваат, но полицијата вели дека наверојатно е во прашање техничка неисправност на камионот.
Официјалните лица наведуваат дека штетата се проценува на стотина илјади евра, вклучувајќи ја и оградата во која камионот удрил.