Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на средбата со неговиот колега Емануел Макрон, пред почетокот на самитот на Г-7, разговарале за зголемените трговски тенизии меѓу двете земји.
Трамп се закани дека ќе воведе тарифи на француското вино кое се увезува во САД, како одговор на данокот за дигиталните служби кои официјално ги воведе официјален Париз.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, порача претходно дека Европската унија има поготвен одговор доколку Трамп одлучи да воведе тарифи на француското вино.
Покрај виното, тема на разговор меѓу Трамп и Макрон биле кризите низ светот, вклучувајќи ги и климатските промени, како и ситуацијата во Либија, Иран и Русија.
Трамп смета дека со Макрон има доста заеднички работи и одржува посебна врска со него. Трамп додал дека верува дека за време на траењето на самитот Г-7 ќе бидат постигнат многу позитивни работи.