Потребно :
400 гр брашно
200 гр маргарин или маст
150 гр шеќер
1 јајце
2 жолчки
кора од лимон, малку сол
2 ванили
2 лажици рум
200 гр мелени ореви (може и бадеми)
2 белки од јајце
Глазура
100 гр чоколадо за готвење
40 гр маргарин
Се мешаат заедно маргаринот (маста), шеќерот, ванила, јајце, жолчки, румот, кора од лимон и брашното. Кога ќе се изедначи тестото се остава да одмори во фрижидер 30 мин.
2. Од тестото се обликуваат топчиња со големина колку цреша и се валкаат во белките изматени со виљушка.
3. Се валкаат во мелените ореви и се печат на 180С-20 мин.
4. На пареа се топи чоколадото со маргаринот и се лепат по две колачиња.