Потребни состојки:
1 кг брашно
500 мл млеко
200 мл масло
2 жолчки
1 коцка свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
1 прашок за печиво
1 јајце за премачкување
сусам,ким или мак за наросување одозгора
фил1: ајвар
фил2: сирење со спанаќ
Начин на подготовка:
Од вкупната количина брашно одземете две лажици, додадете лажичка шеќер, малку млако млеко и тука издробете го квасецот и промешајте за да се растопи. Оставете на топло 10-тина минути да се активира и запени. Во преостанатото брашно додадете 2 лажички сол, еден прашок за печиво, па потоа активираниот квасец, 200 мл масло, млекото и две разметени жолчки. Измесете тесто кое не лепи на раце и веднаш без да кисне поделете го на 5 топки. Првато тесто со оклагија развлечете го во кора со облик на круг и ставете ја во калап за торта 30 см, претходно намастен и набрашнет. И останатите теста развлечете ги во кори. Првата кора премачкајте ја со ајвар, па врз неа ставете втора кора, па ставете фил од сирење и спанаќ, па трета кора, па повторно ајвар, кора, сирење со спанаќ и на крај кора. Погачата веднаш исечете ја на 12 делови, премачкајте ја одозгора со јајце и наросете со сусам или ким или мак по желба. Печете ја на 200 степени и послужете ја со кисело млеко.