Овој азиски десерт ги освои гурманите, кои се спремни да испробаат нов десерт – палачинките Дорајаки. Во Јапонија се неверојатно популарни. Според легендата, овие палачинки се појавиле благодарение на самураите кои ги подготвувале на гонг. Оттаму и називот „Дорајаки“ – пржен гонг (во буквална смисла на зборот). Традиционално, во Јапонија заедно со нив се сервира и паста од анко грав. Но, дома можете да го замените со мармалад, шлаг, сладолед, крем и слично.
Потребни состојки (за 6-8 палачинки):
- 2 јајца
- 80 гр. шеќер
- 1 лажица мед
- ½ лажица сода
- 50 мл. вода + 1-3 лажици
- 130 гр. брашно
- Фил по вкус
Начин на подготовка:
Искршете јајца и малку ги изматете ги. Додајте шеќер и изматете уште 3 минути. Потопете ја содата во 50 мл. вода и додадете ја во јајцата. Додајте брашно и промешајте го тестото. Покријте го со фолија за храна и оставете да се одмара околу 30 минути. Додадете во тестото 1-3 лажици вода. Подмачкајте ја тавата со масло и рамномерно загрејте ја. Палачинките се обликуваат така што треба да бидат во пречник од околу 7 см. Штом се појават на површината меурчиња, префрлете ги палачинките на другата страна и пржете ги уште 20 секунди. При сервирањето, смесата размачкајте ја по средината на палачинките и прекријте ги со остатокот што ќе ви остане.