2 јајцa
200 гр. шеќер
200гр мелени ореви
200-250гр толчени ореви
Начин на подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат со миксер, но само за да се разматат. Потоа садот се става сад над пареа и се меша со дрвена лажица додека не се згусне смесата и да се растопи шеќерот. Се трга на страна и се додаваат мелените ореви, па се промешува да се добие хомогена смеса. Смесата треба да биде густа. Ако мислите дека е поретка може да се додаде уште 50тина грама мелени ореви. Во друг сад ставете ги толчените ореви. Со мало лажиче земајте од смесата и спуштете го тестото во толчените ореви, извалкајте го, формирајте колач во вид на потковица и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 150-170 степени околу 15 минути. Послжете ги откако малку ќе се оладат.