Меко тесто од кое можете да правите се: кифлички, пити, колачи, а е едноставно за правење. Полнењето на тестото зависи од вашиот вкус.
Потребни состојки:
1 кг брашно
2 јајца
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
500 мл млеко
3 лажици кисело млеко
3 лажици масло
1 прашок за пециво
20 гр квасец
Начин на подготовка:
Квасецот растворете го со шеќерот и 200 милилитри млако млеко и оставете го на топло место да се активира. Ставете брашно во голем сад и додајте ги прашокот за печиво и солта. Откако ќе се ативира, ставете го и квасецот во средината, ставете ги претходно изматените јајца и киселото млеко. Од оваа смеса замесете меко тесто. Месете го тестото 10-ина минути за да се активира квасецот и сите состојки да се изедначат. Премачкајте поголем сад со масло и во него ставете го месеното тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место додека не нарасне двојно. Тестото е готово за подготовка на вашите омилени пити, кифли, колачи, мекици…