Потребни состојки:
6 јајца
100 г шеќер
1 прстофат сол
25 г какао
2 лажици густин
180 г црно чоколадо
2 лажици врела вода
Крем
250 г маскарпоне (вид кремасто сирење)
250 г нутела
150 г пржени, лупени, грубо мелени лешници
Глазура
200 г темно чоколадо
25 г путер
50 г пржени, лупени, грубо мелени лешници
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Одвојте ги жолчките од белките. Чоколадото растопете го на пареа. Белките изматете ги во цврст снег со прстофат сол. Жолчките измиксајте ги со шеќерот додека да згуснат и побелат. Додадете претходно измешани и просеани какао и густин.