Потребни состојки:
2 зрели банани
5 урми
100гр сусам
200гр овесни снегулки
1 лажица мед
Начин на подготовка:
Испасирајте ги бананите и урмите во блендер, па додадете ги освесните снегулки додека не добиете поцврста смеса. Додадете лажичка мед и добро промешајте. Формирајте топчиња кои ќе ги валкате во сусамот што претходно сте го испекле. Оставете ги да отстојат 1-2 часа на ладно, па послужете ги.