„Знаев дека ме изневерува, цел град ми се смееше“ – Дарко Лазиќ прозборе за бракот со Ана Севиќ!

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, неколку години по разводот со пејачката Ана Севиќ, прозборе за неверствата во бракот. Тој во интервју признал дека Ана долго време го изневерувала, но и дека многумина знаеле за тоа.

„Знаев дека ме изневерува и молчев за да видам до каде ќе оди. А само требаше да ми каже дека се заљубила. Илјада патија прашав, а таа се правеше луда. Цел град ми се смееше. На крајот му се јавив на нејзиниот љубовник и го прашав дали е со мојата сопруга, а тој го негираше тоа“, рекол Дарко.

Пејачите се разведоа пред скоро две години. Тие ја имаат ќерката Лорена. По разводот, Дарко се вери со Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј. Ана, пак, е во врска со бизнисменот Даниел Недељковиќ, а медиумите пишуваат дека е бремена и дека тие чекаат дете.

Scroll to Top