Непознат маж го полил со бензин Градското собрание во Виена и се обидел да го запали, пренесуваат српските медиуми.
За среќа обезбедувањето брзо реагирало и го спречило во намерата. Портпаролот на австриската полиција Маркус Дитрих објасни дека осомничениот пристигнал пред градското собрание на велосипед, а потоа истурил бензин на влезот пред Собранието.
@Wien24 Mann verschüttet Benzin vor dem Rathaus. Rathauswache überwältigt hin. pic.twitter.com/6cCY1yvYMK
— Andreas Liberda (@liberda_a) June 24, 2020
Очевидци го виделе како клекнал и се молел пред да го запали. Чуварите на редот успеале да го совладаат пред да го запали истуреното гориво и го предале на полицијата, која веднаш го уапсила. Деталите од овој случај во центарот на Виена, засега не се познати.