(Видео) Маж се обидел со бензин да го запали Градското собрание во Виена

Непознат маж го полил со бензин Градското собрание во Виена и се обидел да го запали, пренесуваат српските медиуми.

За среќа обезбедувањето брзо реагирало и го спречило во намерата. Портпаролот на австриската полиција Маркус Дитрих објасни дека осомничениот пристигнал пред градското собрание на велосипед, а потоа истурил бензин на влезот пред Собранието.

Очевидци го виделе како клекнал и се молел пред да го запали. Чуварите на редот успеале да го совладаат пред да го запали истуреното гориво и го предале на полицијата, која веднаш го уапсила. Деталите од овој случај во центарот на Виена, засега не се познати.

Scroll to Top