Потребни состојки:
За ферментација:
280 мл ладно млеко
200 гр бело брашно
За тесто:
150 гр брашно
25 гр прашок за печиво
25 гр путер
1 лажичка сол
прстофат шеќер
Начин на подготовка:
Помешајте ги млекото и брашното (280 мл ладно млеко со 200 гр бело брашно), па покријте го садот и оставете да стои 30 минути. Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки: брашното, прашокот за пеќиво, путерот, солта и шеќерот, па по 30 минути, додајте ги во садот каде што претходно сте ги измешале млекото и брашното. Добро промешајте додека состојките не се соединат и тестото да биде без грутки. Загрејте ја рерната на 210 степени, а тавата во која ќе го печете лебот премачкајте ја со масло. За да се задржи влажноста, а тестото да биде помеко, тавата пред печењето прекријте ја со хартија за печење. Печете 30 минути, па тргнете ја хартијата за печење и оставете го лебот во рерна уште 10 минути.