Емелија Џексон, која има македонско потекло, победи во најпопуларното кулинарското шоу во Австралија, „Мастер шеф“. Таа се натпреваруваше со уште 23 други учесници и на крајот заврши на првото место. Џексон со победата освои награда од 250.000 австралиски долари.
Не е првпат Емелија да се натпреварува во ова шоу. Таа во 2014 година заврши трета, а сега во финалето беше подобра од Лора Шарад, која и тогаш беше втора.
„Јас сум Македонка и сè што правам е што готвам за сите овие луѓе“, рекла 30-годишната шампионка од Мелбурн. Таа во шоуто неколкупати велела дека инспирација за своите специјалитети добивала од баба ѝ Фани, која потекнува од Егејска Македонија, и од мајка ѝ.