Ви се јаде нешто слатко и брзо? Нема да најдете ништо побрзо од овој рецепт на шеф Гордон Рамсеј.
Состојки:
- 120 г. шеќер во прав
- 300 г. хопла за шлаг
- Екстракт од ванила (по желба)
- 250 гр. маскарпоне сирење
- Пишкоти
- Филџан јако црно кафе
Подготовка:
- Во сад ставете шеќер во прав, додадете хопла за шлаг и сето тоа заедно добро измиксајте го.
- Во друг сад ставете го маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте го.
- Мешавината од маскарпонето и ванилата истурете ја во садот со шлагот и добро измиксајте ги.
- Пишкотите преполовете ги на пола, натопете ги во кафе и ставете ги во чаша.
- Прелијте ја смесата во чашата и по работ изрендајте темно чоколадо.