Рецепт за фин тирамису кој ќе го направите за пет минути

Ви се јаде нешто слатко и брзо? Нема да најдете ништо побрзо од овој рецепт на шеф Гордон Рамсеј.

Состојки:

  • 120 г. шеќер во прав
  • 300 г. хопла за шлаг
  • Екстракт од ванила (по желба)
  • 250 гр. маскарпоне сирење
  • Пишкоти
  • Филџан јако црно кафе

Подготовка:

  1. Во сад ставете шеќер во прав, додадете хопла за шлаг и сето тоа заедно добро измиксајте го.
  2. Во друг сад ставете го маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте го.
  3. Мешавината од маскарпонето и ванилата истурете ја во садот со шлагот и добро измиксајте ги.
  4. Пишкотите преполовете ги на пола, натопете ги во кафе и ставете ги во чаша.
  5. Прелијте ја смесата во чашата и по работ изрендајте темно чоколадо.
Scroll to Top