Запишете се на факултетот за Прехрамбена индустрија на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН затоа што иднината е во квалитетно производство на здрава храна.
Овој факултет е целосно креиран согласно американските стандарди и висок квалитет на образование и со директен линк на Мајами универзитетот од Охајо, САД и взаемна соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН од Скопје.
Светот се соочува со недостиг од храна во неразвиените региони, но и со прекумерна колична на внос на нездрава храна во земјите со развиени економии. Ова доведува до огромни предизвици кои ги наметнува динамиката на новиот стил на живот која го смени и начинот на исхрана. Затоа ни е потребна одржливост, умешно и успешно менаџирање на нови извори за добра храна, за здрава храна, која потекнува од здрава животна средина и обновливи извори на енергија.
Факултетот за Прехрамбена индустрија на Американскиот Универзитет на Европа – Фон во Република Северна Македонија е вистински избор за вас и вашата иднина.