Американскиот Универзитет на Европа – ФОН Факултет за Прехрамбена индустрија

Запишете се на факултетот за Прехрамбена индустрија на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН затоа што иднината е во квалитетно производство на здрава храна.

Овој факултет е целосно креиран согласно американските стандарди и висок квалитет на образование и со директен линк на Мајами универзитетот од Охајо, САД и взаемна соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН од Скопје.

Светот се соочува со недостиг од храна во неразвиените региони, но и со прекумерна колична на внос на нездрава храна во земјите со развиени економии. Ова доведува до огромни предизвици кои ги наметнува динамиката на новиот стил на живот која го смени и начинот на исхрана. Затоа ни е потребна одржливост, умешно и успешно менаџирање на нови извори за добра храна, за здрава храна, која потекнува од здрава животна средина и обновливи извори на енергија.

Факултетот за Прехрамбена индустрија  на Американскиот Универзитет на Европа – Фон  во Република Северна Македонија е вистински избор за вас и вашата иднина.

Scroll to Top