По два месеци на интезивна нега во болница во Барселона, лекарите го изнеле пациентот Франциско Пако Еспања, покрај плажата за да може да подише свеж, морски воздух.
Франциско кој бил заболен од Ковид 19, вели дека уживал секој момент во погледот на Медитеранот.
Неговото сеќавање на последните неколку месеци е нејасно вели докторите, уште откако заболел од короната. Од тогаш, постојано или бил прикачен на цевка или бил под седативи.
„Оддеднаш се разбудив опкружен со ѕидови, покриен со ќебиња и ги прашав што правам тука“, изјавил Франциско од болничкиот кревет, додека лекарите го туркале до плажата.
Докторите велат дека ги следат состојбите на сите пациенти заболени од корона и како носењто надвор на свеж воздух би влијаело на нив, пренесува Juronjuz.
Краткото излегување надвор, веднаш го поправило расположението на Франциско, велат тие.
„Некогаш се чувствував прилично лошо. Особено ноќите, тие беа многу тешки. Сега ми е дозволено да излезам надвор. Би било супер ако следниот пат ми дозволат да испијам пиво во кафитеријата во болницата“, изјавил Франциско.