Супер рецепт за зимница: корнишони што секој успешно ќе ги направи

Сигурно многупати сте слушнале или можеби вам ви се случило да не ви успее подготовката на корнишоните. Краставичките многу бргу стануваат меки или ја губат целосно бојата и не се за вкусни за јадење. Пробајте го овој рецепт, сигурно нема да погрешите:

Потребни продукти:

5 литри вода

150 гр сол

75 мл есенција

1/2 конзерванс

1 винобран

3 кг корнишони

црн пипер во зрна

коријандер

сенф

Начин на подготовка:

Состојките за полнење добро измешајте ги. Ставете ги измиените и исчистени краставички во чисти стерилизирани тегли и додадете зачини по вкус. Истурете го преливот!

Scroll to Top