Сигурно многупати сте слушнале или можеби вам ви се случило да не ви успее подготовката на корнишоните. Краставичките многу бргу стануваат меки или ја губат целосно бојата и не се за вкусни за јадење. Пробајте го овој рецепт, сигурно нема да погрешите:
Потребни продукти:
5 литри вода
150 гр сол
75 мл есенција
1/2 конзерванс
1 винобран
3 кг корнишони
црн пипер во зрна
коријандер
сенф
Начин на подготовка:
Состојките за полнење добро измешајте ги. Ставете ги измиените и исчистени краставички во чисти стерилизирани тегли и додадете зачини по вкус. Истурете го преливот!