(Фото) Британка не се смее 40 години за да не старее

Британката Тес Кристијан тврди дека не се насмеала 40 години и дека тоа е причината поради која таа денес нема брчки на лицето.

50-годишната Тес навикала да ги контролира своите емоции уште кога била мала. Таа учела во католичко училиште, каде што монахињите не ги одобрувале смеата и насмевките, па затоа вели не ѝ било тешко да го контролира изразот на лицето како што растела.

По дипломирањето, Тес ја напуштила вербата во религиите, но и покрај тоа, таа веќе не се смее. Кога наполнила 30 години, повеќето нејзините пријателки почнале да користат ботокс за подмладување, но Тес вели дека нејзе не ѝ треба ништо за да изгледа младолико.

„Ова е многу поефикасно од ботоксот или која било корекција на лицето. Луѓето не ми веруваат кога ќе им кажам дека имам 50 години“, вели таа.

Scroll to Top