Британската кралица Елизабета Втора почна свое сопствено производство и продажба на џин, пренесува „Дејли мејл“. Пијалакот, наречен Sandringham Celebration Gin, се произведува во дестилерницата на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри – едно за 50 фунти. Според порталот, џинот е еден од омилените алкохолни пијалаци на Елизабета Втора. А ова е трет бренд алкохол што произлегол од кралското семејство.
Бакингемската палата во јули го претстави џинот Royal Collection Trust, а неколку месеци подоцна, синот на кралицата, принцот Чарлс, го пушти Highgrove во продажба.