Светскиот диџеј Џозеф Каприати бил нападнат и избоден со нож од страна на неговиот татко. Каприати завршил во болница каде бил хоспитализиран, додека неговиот татко бил уапсен.
Според пишувањата на италијансите медиуми, двајцата се се скарале, а во пресметката 60-годишникот татко си го избодел синот со кујнски нож.
Тој сега се товари за обид за убиство. Каприати живее во Шпанија, но поради пандемијата со коронавирусот, тој се вратил да живее кај татко му во родното место во близина на Наполи.