Потребни состојки:
3 свински нозе
300 гр говедско месо
300 гр свински гради
2-3 свински уши
1 свинска коленица
1 кромид
1 морков
неколку чешниња лук
бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги сите состојки, исечкајте ги кромидот и морковот и ставете ги во поголемо тенџере да се варат заедно со месото. Додадете бибер и сол по вкус и оставете да се вари на тивок оган околу 4 часа. Одвреме-навреме вадете ја пената што се создава од месото. По 4 часа, проверете дали месото е сварено, а течноста леплива. Ако само се оддели од коските, тоа е знак дека е готово. Извадете сè и исцедете ја течноста, а зелечнукот фрлете го. Потоа искинете го месото на парчиња и наредете ги на дното на садовите, а врз него ставете го ситно сечканиот лук. Наполнете ги садовите со водата во која се вареше месото. Така наредените садови ставете ги на ладно место и оставете пивтијата да се стегне неколку часа.