Биткоинот денес постигна рекордна вредност од 57.000 долари, јавува Coindesk. Неговата вредност пораснала за 2,52% и достигна точна сума од 57.396 долари, пренесува TASS.
Од почетокот на годината, па досега, биткоинот се засилил за околу 72%, а исклучителен раст е забележан откако производителот на електрични автомобили „Тесла“, соопшти дека во виртуелната валута вложил 1,5 милијарди долари.
Покрај тоа, за неговиот раст допринесло и побарувачката на големи инвеститори, кои веќе навестиле дека ќе почнат да го прифаќаат како средство за плаќање.