Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, по еден месец, денес излезе од болница. Изминатиот период тој беше под надзор на медицинскиот персонал, објави Би-би-си.
Војводата од Единбург (99) беше хоспитализиран во болницата „Крал Едвард VII“ поради здравствени проблеми. Подоцна беше префрлен во лондонската болница „Свети Вартоломеј“ поради проблеми со срцето. Таму му беше извршена и операција.
Принцот Филип мина 28 дена во болница и тоа е најдолгиот негов престој, а од кралското семејство засега не ги откриваат причините за неговата нарушена здравствена состојба. Од Бакингемската палата само соопштија дека неговата хоспитализација не е поврзана со коронавирусот, пренесува Би-би-си.