Борис Џонсон ја прими вакцината од „Астра Зенека“ против коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината од компанијата „Астра Зенека“, против коронавирус и ги повика сите граѓани да го направат истото.

Тој истакна дека ништо не почувствувал кога ја примил вакцината и дека се чувствува добро. Тој се вакцинираше во истата болница во Лондон, во која пред година дена лежеше на интезивна нега и примаше кислородна терапија, поради компликациите со коронавирусот.

„Ништо не почувствував. Беше многу добро и многу брзо“, изјавил Џонсон по вакцинирањето во болницата „Сент Томас“.

Тој ги замоли сите граѓани кога ќе примат повик да дојдат да се вакцинираат.ж

„Тоа е најдобрата работа за вас, за вашето семејство и сите останати“, изјавил Џонсон.

 

Scroll to Top