Сигурно веќе сте слушнале како за успех морате да бидете малку луди и сигурно тогаш, како што и сега правите, сте превртувале со очите, но навистина е така. Лудоста и успехот се синоними.
Како доказ за таа врска, ајде да се вратиме во минатото. Нели во текот на историјата сите личности кои откриле или направиле нешто ново во некој момент биле прогласени за луди?
Без разлика дали е во прашање љубов, кариера, уметност, врски, активизам или поезија, „лудаците“ ги поместувале границите и тоа ги правело славни и успешни.
Луѓето мораат да размислуваат поинаку и поневообичаено за да направат нешто ново, а еве што „лудите“ луѓе ги прави така успешни.
1. На „лудаците“ баш им е гајле што мислат другите.
Лудите луѓе одамна го сфатиле она што некои од нас никако не можат да го запомнат: што поскоро престанат да се заморуваат со тоа што мислат другите, толку поскоро ќе напредуваат и ќе бидат посреќни.
Кога нема да ве гушат повеќе очекувањата на масата по прашањето што е „нормално“, ќе станете послободни и покреативни.
2. Лудите луѓе не размислуваат конвенционално.
Повеќето луѓе размислуваат на ист начин како другите. Меѓутоа, некои луѓе не размислуваат така, туку имаат пошироки видици и не се заморуваат со тоа што е нормално и општоприфатено. Тоа се лудите луѓе.
3. Лудите луѓе не се запознаени со правилата – или едноставно им е гајле за нив.
Правилата се создадени од луѓето кои имаат недостиг на фантазија за да ги контролираат брилијантните, креативни умови. Како можете да уживате во способноста на новата љубов доколку цело време се раководите според времето, протоколите, а тоа не ви одговара ни вам ни на вашиот партнер? Како можете да создавате кога цело време следите туѓи упатства и се плашите дека размислувате над она кое веќе постои?
4. Кога велите „не“, лудата личност слуша „те предизвикувам“.
Обидете се на некоја луда личност да ѝ кажете „не“ и таа тоа ќе го прифати како предизвик за да ви докаже дека не сте во право. Не ли е вечната желба за преживување, одбивање на откажувањето, пронаоѓањето на друг начин или самодовербата да застанете на нозе откако сте паднале, токму тоа што ви е потребно за да станете успешни?
5. Лудаците се доволно луди за да веруваат во себе.
Современиот свет е преполн со таленти, па животот стана еден голем натпревар. Кога ќе сфатиме колку е огромен светот и колку луѓето се борат за истата работа, истата личност, истиот дом од соништата, посакуваме да дигнеме раце и да се откажеме.
Сепак, постојат неколкумина кои ќе успеат и ќе ги исполнат своите соништа. Не се работи за тоа дали тие луѓе се поталентирани, попаметни или подобри од вас – се работи за тоа дека тие веруваат дека се доволно јаки и посебни за да го добијат тоа што го сакаат.
6. Лудите луѓе не ги „кочи“ стравот од неуспех.
Константниот страв од неуспех најчесто е главната „кочница“ која не ни дозволува да ризикуваме и да напредуваме. Кога ни е скршено срцето, од страв да не бидеме повторно повредени, често пати се штитиме од нова љубов.
Лудите луѓе не се плашат дека ќе паднат. Тие без двоумење се нурнуваат под површината врз која ние само лебдиме во страв дека она што е под неа ќе нè повреди. Можеби така се штитиме од лошото, но за жал, така се штитиме и од доброто.
7. Лудаците не бараат дозвола
Лудите луѓе никогаш не прашуваат за дозвола. Нивното животно мото е „Повеќе би сакал да молам за прошка, отколку да прашам за дозвола“.
Тие едноставно тоа го прават. Можеби ќе завршат во затвор, можеби ќе добијат Оскар. Во секој случај, стравот дека ќе паднат во неволја не ги спречува да направат нешто револуционерно.
8. Лудите луѓе се светкави личности, посипени со ѕвездена прашина
Децата често се обидуваат да сфатат што ги прави филмските ѕвезди „ѕвезди“, поврзувајќи го тоа со ѕвездите на небото и нивниот сјај. Кога ќе пораснат, сфаќаат дека тоа што ги прави така успешни и познати е нивната личност. Нивниот успех е директен резултат на фактот дека не се вклопуваат.
9. Лудите луѓе имаат интегритет
Секој лидер на некоја друштвена револуција е прогласен за „лудак“. Лудите луѓе е невозможно да ги замолчите кога е во прашање вистината.
10. Страста го води лудакот, а не парите
Кога парите се крајната цел, личноста не може далеку да отиде. Можеби ќе остварите финансиски успех, но ќе изгорите. Парите не се доволни вас да ве одржат. Страста ќе ве доведе до поголем и подобар успех отколку што желбата за пари некогаш ќе може.
11. Лудите луѓе се доволно луди да си веруваат самите себе
Лудаците веруваат во своето шесто сетило, на своето срце, својот инстинкт… Сите го имаме тоа внатрешно чувство, но ретко кој од нас го следи. Тоа го правиме погрешно. Лудите луѓе си веруваат самите себе, го следат тоа чувство и затоа се успешни.