Мажите потојано ги обожаваат работите од жените се срамат

Постојат неколку работи за кои знаеме дека мажите едноставно ги обожаваат, но постојат низа „необични работи“ кои нашите партнери всушност ги сметаат за неодоливи.

Наочари

Жените кои носат наочари за повеќето мажи се исклучително атрактивни, затоа немојте да се плашите горделиво да ги носите своите тренди рамки затоа што тоа тие сигурно нема да ви го замерат.

Акцент

Не мора да бидете од некоја друга земја за да му се допаднете. Кога станува збор за акцентите, тие едноставно ги обожаваат, без разлика од кој регион или град сте. Без разлика дали делите ист мајчин јазик или не, повеќето мажи признаваат дека силно ги привлекува на некој необјаснив начин.

Пешкир на глава

Веројатно е една од најнеобичните работи кои ги обожаваат е пешкирот на глава после миење коса. Освен што сакаат мокра, чиста и миризлива коса, косата замотана во пешкир подеднакво им е привлечна. Дали е време за некој нов тренд?

Како ве гледа додека се шминкате

Дали некогаш сте се нашле во ситуација во која вашиот сакан ви правел друштво додека сте се подготвувале за вечерното излегување? Освен што се исклучително љубопитни, разновидните техники и нашата вештина во нанесувањето мејкап е нешто на кое се восхитуваат.

Додека вежбате

Многу мажи уживаат во тој простор. Исцрпениот изглед и потта на кожата нам ни се чини нешто грозно, сепак за нив е прав магнет. Вашиот изглед после напорниот тренинг ќе се смета за нешто доста секси, па немојте да се срамите. Допуштете му да ве гледа кога тој ќе посака или уште подобро – вежбајте заедно.

Војнички принт

Повеќето мажи ќе се сложат дека жената во „војничка облека“ изгледа секси затоа што ги потсеќа на дива природа, лов и егзотични дестинации.

Кога носите негова маица

Неуредниот изглед исто така е привлечен за мажите, а особено кога ја носите неговата маица. Најпосле, модната индустрија одамна нѐ подготви за тоа и нѐ почести со вреќеста „boyfriend“ облека. Сепак, ништо не може да ја замени неговата облека, нели?

Scroll to Top