Кинез вложил 153 милиони долари за да изгради реплика на „Титаник“. Тој вели дека инспирација да го рекреира познатиот брод добил од филмот на режисерот Џејмс Камерон, кој во 1997 година беше голем хит низ киносалите во светот.
Репликата се градела шест години, подолго отколку вистинскиот „Титаник“. Биле искористени 23.000 тони челик, а проектот чинел една милијарда јуани, односно 153,5 милиони долари. Сè е направено како оригиналот, од трпезариите и луксузните кабини, па сè до рачките на вратите.
Бродот ќе биде главна атракција на тематски парк во провинцијата Сичуан.
„Се надевам дека бродот ќе биде тука 100, 200 години. Ние градиме музеј за ‘Титаник. Би сакале да ги поканиме Џек, Роуз и Џејмс Камерон на церемонијата на отворањето“, изјавил Шаојун.
За потсетување, „Титаник“ пред да исплови од Британија важел за брод кој не може да потоне. Сепак во април 1912 година, во намерата што побрзо да стигне во Америка, тој удрил во санта мраз и потонал во длабочините на Атланскиот Океан. Во несреќата загинале повеќе од 1500 луѓе.