Сите понекогаш се чувствуваме нерасположено, но кај некои луѓе промените на расположение се толку изразени што можеме да ги карактеризираме како емотивно нестабилни.
Рак
Раковите се толку чувствителни што често се навредуваат и на најмала ситница. Наутро може да имаат добра волја и полна енергија, а веќе до ручек нервозни и склони на провокација. Иако нивното однесување може да биде одбивно, тоа не го прават намерно.
Едноставно не ги сфаќаат работите на ист начин како и другите хороскопски знаци. Одлични пријатели се и доста се грижат, па затоа е потребно да поминат некое време со нив и да ги запознаете како би ни ја пружиле сета љубов и како би ги запознале нивите емоции во вистинска смисла.
Вага
Баш како што и самото име вели, на Вагите им е исклучиво важен животниот баланс, а него не е така лесно да се постигне. За постигнување баланс потребни се вежби и енергија, а Вагите понекогаш намерно предизвикуваат нерамнотежа во својот живот како би постигнале одреден цел.
Некогаш може нешто да влијае врз нивната емоционална состојба, па се склони на различни испади.
Шкорпија
Таа не може да ги контролира своите емоции, тие можат да бидат доста непријатни. Нивните чувства можат да се манифестираат во облик на бес, одмазда или поголеми испади. Меѓутоа, кога еднаш ќе удрат на дното, склони се брзо да закрепнат и повторно да станат емотивно стабилни.
Стрелци
Иако тие не се емоционално нестабилни на типичен начин, сепак нивното расположение може да биде доста променливо. На пример, еднаш на изненадување ќе изреагираат со воодушевување и жар, а друг пат таквото нешто ќе ги разлути или ќе бидат незаинтересирани.
За тоа најчеста причина е стресот или збирот одредени работи, поради кои не можат да се концентрираат, ниту да се веселат на било што друго.
Риби
Овој хороскопски знак има длабока интуиција и одлично се чувствува со другите. Добра работа е што повеќето Риби знаат како да ги контролираат своите емоции и д аги преточат во нешто корисно, па многу од нив се занимаваат со некој вид уметност. Меѓутоа, доколку немаат каде да се „издуваат“, со нив може да биде многу тешко.