Британскиот министер за здравство Мет Ханкок поднесе оставка, откако го прекрши упатството за социјално дистанцирање, бакнувајќи се со колешка. Во писмото до премиерот тој вели дека владата „им должи на луѓето кои жртвуваа толку многу во оваа пандемија да биде искрена кога ќе ги изневери“.
Тој се извини откако во јавноста се појави фотографија од 6 мај, на која е снимен со својата блиска соработничка Џина Коладанџело.
Весникот „Сан“ вчера објави фотографија на која Хенкок и Коладанџело, кои се пријатели уште од студентските денови, се бакнуваат во зградата на министерството за здравство. Социјалното дистанцирање на работа не е законско барање, но владата им препорачува на сите да држат два метра растојание ако е можно.