Автомобилот на принцезата Дајана, „форд фокус“, е продаден на аукција за 61.000 евра. Автомобилот го купил музеј од Јужна Америка, чие име засега не е откриено.
Дајана светлосината лимузина ја добила како подарок за свршувачката од принцот Чарлс во мај 1981 година, два месеца пред венчавката. Таа била сопственик на „фордот“ до 1982 година, кога го купил еден антиквар за 7.000 евра.
Тој не ја откри тајната за потеклото на автомобилот. Како што пренесува Би-би-си, тој бил голем обожавател на кралското семејство.