Родителите на шестгодишниот Џексон Сутер, од Арканзас во САД, споделија фотографија од болницата во која лежела нивната ќерка Адалин. Таа имала тумор на мозокот, а тие решиле да го споделат последниот заеднички моментот со нејзиниот постар брат.
Татко го снимил моментот како Џексон ја милува по челото, додека таа го држи за рака.
Адалин имала неоперабилен тумор на мозокот, познат како ДИПГ. Родителите откриле за нејзината состојба, откако забележале дека има потешкотии во движењето. Таа поминала 33 терапии со зрачење, но, клетките на ракот повторно се појавиле.
Потоа заминале во Мексико каде и била направена експериментална хемотерапија. Потрошиле повеќе од 200.000 долари, но, туморот продолжил да се шири.
ДИПГ е доста редок вид на тумор и е доста агресивен. Најчесто се јавува кај деца меѓу пет и десет години. На Адалин и бил дијагностициран кога имала само две години. Во САД се јавуваат 200 до 300 случаи годишно, а засега не е познато што е причината која го предизвикува.