По обилните поплави кои се случија во Германија, силното невреме зафати дел и во Австрија. Обилните дождови и поројните поплави зафатија делови од градот Халејн.
Малата градска река изби од коритото и ги поплави околните места.
„Ситуацијата е многу напната и драматична“, рече портпаролот на локалната полиција.
Службите ги предупредија сите да внимаваат и да не се симнуваат непотребно во поплавените подруми и да им дозволат на пожарникарите прво да ја испумпаат водата.
Ситуацијата особено е критична во деловите кај австриските Алпи, особено местото околу Кицбил, во западната провинција Тирол.
Обилните дождови над 100 литри на метар квадратен предизвикаа поплави и во германската провинција Саксонија, на истокот од земјата.
За потсетување, во поплавите што се случија неделава во Германија, загинаа повеќе од 140 лица и беа предизвикани големи штети. Округот Берхтесгаденер Ленд во провинцијата Горна Баварија прогласи поплава катастрофа. Регистрирани се бројни случаи на свлечишта.
Некои куќи се веќе евакуирани, а жителите се повикуваат да ги евакуираат подрумите и да избегнуваат улиците.