(Видео) По Германија и Австрија е под вода, невремето предизвика голем број одрони и надојдени реки

По обилните поплави кои се случија во Германија, силното невреме зафати дел и во Австрија. Обилните дождови и поројните поплави зафатија делови од градот Халејн.

Малата градска река изби од коритото и ги поплави околните места.

„Ситуацијата е многу напната и драматична“, рече портпаролот на локалната полиција.

Службите ги предупредија сите да внимаваат и да не се симнуваат непотребно во поплавените подруми и да им дозволат на пожарникарите прво да ја испумпаат водата.

Ситуацијата особено е критична во деловите кај австриските Алпи, особено местото околу Кицбил, во западната провинција Тирол.

Обилните дождови над 100 литри на метар квадратен предизвикаа поплави и во германската провинција Саксонија, на истокот од земјата.

За потсетување, во поплавите што се случија неделава во Германија, загинаа повеќе од 140 лица и беа предизвикани големи штети. Округот Берхтесгаденер Ленд во провинцијата Горна Баварија прогласи поплава катастрофа. Регистрирани се бројни случаи на свлечишта.

Некои куќи се веќе евакуирани, а жителите се повикуваат да ги евакуираат подрумите и да избегнуваат улиците.

(Видео) Во Германија пукна браната на реката Рур

Scroll to Top