Првиот македонски филм за деца „Стела“ во селекција на Сараевскиот фестивал

На 27. издание на Сараевскиот фестивал ќе се прикаже првиот македонски детски семеен филм „Стела“, во режија на Стефан Вујичиќ.

Филмот ќе биде дел од програмата „Тин Арена“.

Во филмот Петар Маниќ ја има главната улога, каде го глуми десетгодишниот Никола, кој по обидот за самоубиство поради чести малтретирања на училиште се зближува со шарпланинката Стела, која му ја враќа вербата во живот. Родителите на Никола ги играат Дејан Лилиќ и српската актерка Христина Поповиќ, а во кастингот се и Тони Михајловски и Симеон Дамески. Филмот имаше премиера минатиот септември на фестивалот Синедејс.

Покрај „Стела“ на Сараевскиот фестивал, кој ќе се одржи во периодот од 13-20 август, ќе се прикаже и новиот краток филм „Соло мед“ на Тамара Котеска, кој ќе доживее светска премиера. Во истата категорија, за наградата Срце, ќе конкурира и „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој неодамна беше во селекцијата за Златна палма во Кан. Додека, „Пореметена Земја“ на Кумјана Новакова и Гилјермо Карерас-Канди ќе има светска премиера во програмата за документарци.

Во интервју за Репортер, кога Маниќ гостуваше со својот татко и дедо, изјави дека по улогата на Никола во „Стела“, едвај чека да заигра пак пред камерите.

Од приказната за која мадам се црвените рози, преку култното кафуле Манда, до внукот кој сака да глуми – Три генерации Маниќ

Scroll to Top