Претседателот на Јужна Кореја сака да забрани да се јаде кучешко месо

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе, предложи да им се забрани на луѓето да јадат месо од кучиња. Кучешкото месо долго време било дел од оваа кујна, а се проценува дека годишно се убиваат над милион кучиња.

Но, побарувачката за ова месо драстично се намали, особено меѓу младите, поради тоа што сè повеќе луѓе ги гледаат кучињата како миленици, а не како храна. Традиционалното јадење месо од кучиња стана табу меѓу младите генерации, а притисокот на активистите за правата на животните значително се засилува.

Јужнокорејскиот претседател рече дека е време да се разгледа опцијата за забрана на кучешкото месо во исхраната на луѓето.

„Нели е време да ја разгледаме опцијата да се забрани јадење кучешко месо“, рече тој. Иако во Јужна Кореја постои закон што забранува сурово убивање кучиња и мачки, јадењето такво месо не е забрането.

Властите никогаш до ден-денес не најавија целосна забрана на јадење месо од куче. Но, како што се наближуваат изборите во земјата, голем број политичари се обидуваат да го зголемат својот рејтинг преку грижата за животните.

Оваа тема стана важна во пресрет на претседателските избори, кои треба да се одржат во март в година. Активистите за правата на животните велат дека кучињата во Јужна Кореја се убиваат со струја, а во другите азиски земји користат многу побрутални методи.

Таму животните се колат, бесат, а понекогаш и живи се готват. Во земјите во Азија, како Кина, Јужна Кореја, Индонезија и Виетнам, годишно се убиваат речиси 30 милиони кучиња и 10 милиони мачки. Но, забрана за јадење месо од куче има во Хонгконг, на Тајланд, Филипините и на Тајван, а Индонезија исто така размислува за ваков закон.

 

 

 

Scroll to Top