Осумдесет и едногодишниот Јошио Киношита, скејта секој ден и учи нови трикови. Тој вели дека спортот му помага во борбата против деменција. За него годините се само бројка, велат оние кои скејтаат со него.
Овој старец од Јапонија секое утро доаѓа на скејтерските рампи во неговото родно место Осака. Таму ги слуша советите на помладите скејтери и учи нови трикови.
„Сите тие се мои учители. На почетокот морав да се држам за оградата за да не паднам“, рече тој, кој иако е во пензија, работи пола работно време како редар во зоната за паркирање на велосипедисти. Порано бил техничар за развој и продажба.
Meet Yoshio Kinoshita, an 81-year-old Japanese skateboarder who hits the local skate park six times a week to learn how to master new tricks from younger skaters. 🛹 pic.twitter.com/Fp6v38DhG1
— CBS News (@CBSNews) October 8, 2021
Тој вели дека научил 180 различни трикови на даската за скејтање. Тој почнал да скејта за првпат пред две години, кога ја купил даската која ја видел на пазар, каде се продавале предмети најдени на железницата.
Скејтбордот го купил за 800 јени, односно околу 7,15 долари. Вели дека таа му го променила животот. Таа му помогнала во стратегијата за прекин на деменција.
„Ова е спорт со чувство за напнатост. Скејтот навистина ја подобрува способноста за размислување“, рече Киношита.
„За старите луѓе како мене кои се обидуваат да научат нови работи, ако тоа не го практикуваме секој ден малку по малку, ќе заборавиме како да ги правиме работите веднаш. Затоа мислам дека морам да доаѓам тука и да вежбам секој ден“, рече тој.
Киношита има две деца и две внучиња. Тој рече дека со стравопочит ги гледал скејтерите на Олимписките игри во Токио. Сите три освојувачи на медали во женска конкуренција биле од Јапонија и биле тинејџерки, со освојувачката на златната медала, 13 годишната Момиџи Нишиом.
„Навистина беа неверојатни. Искрено, со сигурност можам да кажам дека во овој спорт јас не можам да ги победам ни петгодишни ни четиригодишни деца“, рече Киношита.