Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески. Тие поклонија во спомен обележјето на Гумење. Крушевчани ги пречекаа со црвени рози.
Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, местото на големата трагедија каде загина поп-ѕвездата, па уште 10 маратонци, својот маратон до Крушево го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево. Помеѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов.
По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта“.
Фото: Фејсбук