Светски познатиот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ се отвори во Дубаи и ова е прв ваков музеј во арапскиот свет. Брендот веќе има свои музеи во Европа, САД и во Азија.
„Очекуваме многу локални и странски посетители. Музејот има 60 фигури, а ги избравме оние што се значајни и популарни во овој регион“, вели генералниот директор Саназ Колсруд.
Меѓу славните личности што добија своја восочна фигура во Дубаи се кралицата Елизабета Втора, Мухамед Али, Кристијано Роналдо, Лео Меси, Одри Хепберн и Ријана.
Најголем од сите е музејот во Лондон, кој има приближно 250 восочни фигури и привлекува неколку милиони посетители годишно.