Медлин „Меди“ Ли Никпон, 20-годишна студентка, починала за време на хуманитарен натпревар во јадење ход-дог. Девојката од американскиот универзитет Тафтс почнала да се гуши во куќата во близина на кампусот, пренесува NBC News.
„Итната служба отиде веднаш на лице место каде ѝ даде прва помош. Потоа Медлин беше пренесена во блиската болница, а потоа и во болница во Масачусетс каде починала еден ден подоцна“, соопштија од универзитетот.