Социјалната мрежа „Твитер“ падна во неколку земји во светот. Најмногу беа погодени корисниците во Америка, Велика Британија и Нов Зеланд, а проблеми со мрежата пријавија и илјадници корисници ширум светот.
Проблемите почнале синоќа околу 18.50 часот, а повеќето прекини се чини дека се појавиле во големите градови, главно Њујорк и Вашингтон.
Засега не е познато што го предизвикало падот на социјалната мрежа.