Легендарниот спрски тренер Душан Иваковиќ се најде на листата на кандидати во кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд 2022 година. Покрај Дуда на списокот се најдоа и Ранко Жеравица и Радивој Кораќ.
Ивковиќ, кој почина во септември, освои голем број медали со репрезентациите на Југославија и Србија, вклучувајќи ја и титулата светски првак во 1990 година, додека со Олимпијакос двапати беше европски првак во 1997 и 2012 година. Ранко Жеравица беше и трофеен селектор на Југославија Во 1970 година стана светски шампион, а 10 години подоцна и олимписки шампион во Москва.
На списокот номинирани се најде и Мирза Делибашиќ, како и Алфонсо Форд, по кого наградата за најдобар стрелец во Евролигата го носи името, како и аргентинскара ѕвезда Ману Џинобили.