Њујорчанец е обвинет затоа што му се заканувал на Трамп дека ќе го убие него и неговите деца

Маж од Њујорк бил обвинет затоа што му се заканувал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе го убие него и неговото семејство. Станува збор за 72-годишниот Томас Велнички, кој Трамп го споредил и со Хитлер.

Обвинителите рекоа дека Томас му се заканил и му рекол дека ќе неправи сè за да ја обезбеди неговата смрт, а еднаш се распрашувал и за заштитата на Тајната служба за поранешниот претседател и неговите деца.

Тој сега е осуден за закана со убиство, закана за киднапирање и нанесување телесни повреди на Трамп.

Случајот е покренат откако Трапмп продолжи да ги изнесува тврдењата дека поради широко распространетите изборни измами, тој изгуби од Џо Бајден.

Група на негови приврзаници го нападнаа американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во неуспешен обид да ги поништи изборните резултати.

Обвинителите рекоа дека Велнички покажал интерес да го убие Трамп, во периодот меѓу јули 2020 година и декември 2021 година, одосно за време и по неговото претседателствување. Тоа го направил во разговор со полицијата на Капитол и Тајната служба.

Велнички наводно ѝ рекол на полицијата во Капитол дека ќе набавел оружје ако Бајден ги изгубел изборите и ако Трамп одбиел да се повлече. Тоа го кажал и во едно интервју во јули 2020 година.

Обвинителите рекоа дека Велнички ја повикал Тајната служба околу 4 јануари 2021 година, заканувајќи се дека ќе го убие Трамп и уште 12 негови приврзаници во Конгресот, нарекувајќи ги мајмуни.

„Ќе го убијам и него и неговите 12 мајмуни“, наводно се заканил Велнички.

 

Scroll to Top